Свет

Германија ја менува политиката кон мигрантите

Берлин се обидува да ја преземе водечката улога во антиимиграциската политика на европскиот континент

Претходните германски влади се обидуваа да ги омекнат најекстремните ставови на Европа кон миграцијата.

Но, сега, под водство канцеларот Фридрих Мерц, Берлин се обидува да ја преземе водечката улога во антиимиграциската политика на континентот.

Новиот курс на Германија отстранува една од главните пречки за воведување политики што до неодамна се сметаа за екстремни – како што се депортирање на мигранти во трети земји или испитување на барањата за азил надвор од ЕУ.

ЕУ се подготвува да воведе серија нови мерки насочени кон остро ограничување на бројот на баратели на азил и зголемување на депортациите.

Додека европските лидери дебатираат како да ги спроведат овие мерки, претставниците од некои од најстрогите земји-членки ја поздравуваат новата улога на Германија.

„Германија води едни од најважните разговори за ова прашање“, изјави данскиот министер за имиграција, Каре Дубвад, за POLITICO. „Среќни сме поради тоа.“

Индикативен за новата улога на Берлин беше гестот на министерот за внатрешни работи Александар Добриндт, кој ги собра колегите од земјите со строга миграциска политика, како што се Австрија, Данска и Полска, на највисокиот врв во Германија – Цугшпице каде златен крст се издига на врвот на планината – што е силен симболичен знак.

„Сакаме јасно да покажеме дека Германија повеќе не е во улога на кочничар по прашањата за миграцијата, туку е дел од движечката сила во Европа“, рече Добриндт.

Пораката е добро прифатена во Брисел.

„Ако Германија придонесе повеќе и е посериозно вклучена, тоа е многу позитивно. Едноставно ќе напредуваме побрзо“, коментираше еврокомесарот за миграција Магнус Брунер.

„Затоа сум многу задоволен што германската влада го избра овој пат и силно ги поддржува предлозите на Комисијата.“

 

Најнови вести од: Свет

Захарова: Самоубиствена одлука на ЕУ

Европската унија планира забрзување на постепеното укинување на увозот на руски течен природен гас, само неколку дена откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика да преземе повеќе чекори за ограничување на енергетската трговија со Москва

Трамп ја стопира воената помош за Тајван , приоритет договорот со Кина за ТикТок

Американскиот претседател Доналд Трамп одбил да одобри пакет воена помош вреден повеќе од 400 милиони долари за кинескиот регион Тајван во обид да постигне трговски договор со Пекинг, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.

To top