Свет

Шпионска афера во Германија: Уапсен бивш шеф на тајната служба БНД – Работел ли за Кремљ?

Германија и ЕУ се тресат од „најголемиот шпионски скандал на векот“

Германските власти го уапсија поранешниот шеф на странската разузнавачка служба (BND), Август Ханинг (August Hanning), под сомнение за шпионажа и обид за велепредавство.
Ханинг, кој раководеше со агенцијата од 1998 до 2005 година, беше приведен утрото на 6 октомври 2026 година во неговиот дом во Нордвалде. Случајот веќе се опишува во Германија како „најголемиот шпионски скандал на векот“.

Заедно со Ханинг, во Баварија е уапсен и неговиот поранешен шеф на кабинет, идентификуван како Манфред Д..

Според обвинителството, Манфред Д. останал на високи позиции во BND до март 2026 година, служејќи како шеф на кабинет на неколку последователни директори на агенцијата, што му овозможило континуиран пристап до државни тајни.

Обвинителството тврди дека двајцата мажи го направиле пактот во 2010 година. Манфред Д. во период од повеќе од една деценија (од 2012 до најмалку средината на 2022 година) на Ханинг му предал околу 2.000 документи, вклучувајќи и строго доверливи извештаи, во замена за паричен надомест.

Ханинг е обвинет дека ги користел овие информации за приватни консултантски услуги, но и дека бил во близок контакт со претставник на друга странска разузнавачка служба, на кого со години му пренесувал политички информации базирани на украдените материјали.

Непотврдените информации за случајот наведуваат дека Ханинг всушност информациите ги давал на Русија.

Документите биле случајно откриени од страна на државната криминалистичка полиција за време на претреси поврзани со сосем различен случај. истрагата против Кристина Блок (наследничка на познат германски синџир ресторани), која е обвинета за киднапирање на сопствените деца во семеен спор за старателство.

Инспекторите пронашле електронски уред за складирање податоци кој содржел чувствителни и неодамнешни документи на BND, што ги довело директно до Ханинг, кој претходно бил под сомнеж за поврзаност со претходен обид за киднапирање во истиот семеен случај.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

To top