Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го последнте податоци на Државниот завод за статистика за растот на туризмот. Премиерот Мицкоски во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави:
- „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да имаме 1 милион туристи и да имаме близу 3 милиона преноќувања.
Заклучно со месец август, ние имаме блиску до 1 милион туристи, негде околу деветстотини осумдесет и нешто илјади и некаде отприлика 2 милиона и седумстотини и два-триесет илјади преноќувања. Што значи дека пред време ќе ја постигнеме целта што ни беше зададена на почеток од годината, којашто самите си ја зададовме. Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум којшто се случи во летните месеци јули-август и коешто траеше и месеците потоа. Да речеме во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем, што претставува навистина нешто коешто сите нас пријатно нѐ изненади. Но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи. Тука е и договорот кој го потпишуваме со туристички агенции коишто носат туристи и тука не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците коишто патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми, за 30% е зголемен, споредено со истиот период минатата година.“

- Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум кој што се случи во летните месеци јули и август и кој што траеше и месеците потоа. Во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година, е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем. Што претставува навистина нешто кое што сите нас пријатно нѐ изненади, но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи – рече Мицкоски.
Според него, тука е и договорот потпишани со туристички агенции кои што носат туристи и оти не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците кои што патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми е зголемен за 30% е споредено со истиот период од минатата година, пренесува МИА.