Регион

Најмалку 160 уапсени и 156 повредени во антивладините протести во Тирана

Демонстрантите бараат оставка од премиерот Рама, кој 13 години е премиер на Албанија

Повеќе од 160 лица се приведени, а 156 повредени, од кои 97 полицајци, е биланост на насилните студентски протести во Тирана со барање за заминување на Владата на Еди Рама, кој 13 години е на функцијата премиер на Албанија.

Вчеравечер полицијата се судри со демонстрантите четврти ден во низа, употребувајќи солзавец и водени топови за да ги растера насобраните граѓани, кои возвраќаа со камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.

Рама обвини „странски сили“ дека ги поттикнуваат немирите и се обидуваат да го попречат патот на Албанија кон членство во Европската Унија.

„Ова нема апсолутно никаква врска со тешкотиите, проблемите или легитимните стремежи на кој било што сака подобар живот. Тоа се странски раце што не сакаат мир во Албанија“, рече тој во видеопорака на Фејсбук.

Двајца полицајци се суспендирани поради прекумерна употреба на сила, соопшти министерот за внатрешни работи Ервин Дема.

Најнови вести од: Регион

Во Бугарија 14-годишник со автомобил удрил во контејнер за отпад, па избегал со мајка му, во багажникот пронајден мртов нејзиниот сопруг

Сообраќајна несреќа во бугарскиот град Димитровград довела до откривање на убиство, откако 14-годишно момче изгубило контрола врз семејниот „мерцедес“ и удрило во контејнер за отпад. По судирот, момчето и неговата мајка го напуштиле местото, а полицијата во багажникот на автомобилот го пронашла телото на 67-годишниот сопруг на жената, објавува порталот 24chasa.bg.

Студентка насилно одведена од неидентификувани лица за време на протестите во Тирана (ВИДЕО)

Протестите во Албанија веќе предизвикаа десетици повредени и уапсени, а меѓународните медиуми известуваат за најголемиот предизвик за владата на Рама во последните години.

To top