Новинарот Богдан Илиевски објавува саркастичен статус на социјалните мрежи во кој ги коментира актуелните политички трендови и наводните „успеси“ на СДСМ и неговиот претседател Венко Филипче.
Во објавата Илиевски иронично забележува дека Филипче присвојува туѓи успеси кои немаат никаква врска со СДСМ.
„После победите на изборите во Унгарија и Србија, очекувам вечерва СДС да победи и на изборите во Израел. Дури и Златната топка на Хари Кејн е јасен показател за трендовите и заслуга на Филипче пред се. На 3 ноември очекувајте дека ќе победуваат и на американските избори”, пишува Илиевски алијас Бетмен Вели кои саркастично додава дака СДСМ на парламентарни избори во Македонија засега не планираат победа, иако половина работа им е завршена.
,,Можат – ама не сакаат. Вистински џентлмени. Како нивната инспирација Џилас“, стои во објавата.
На овој начин Илиевски ја исмејува тековната политичка позиција на опозициската СДСМ, сугерирајќи дека партијата наводно има „заслуга“ за глобални трендови, додека дома, на домашните парламентарни избори, „вешто“ избегнува победа. Референцата кон Драган Џилас, српскиот опозициски лидер, дополнително ја заострува иронијата, посочувајќи на слична политичка стилистика.
Објавата брзо предизвика реакции на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците ја оценија како прецизна политичка сатира, додека други ја гледаат како уште една критика кон лидерството на Филипче и стратегијата на СДСМ по серијата изборни порази.
Илиевски и претходно е познат по иронични коментари на сметка на политичките елити, особено на оние од левиот политички спектрум.