Македонија

Македонците во Бугарија без големи очекувања од Јотова

За Софија, решението е Македонците да ги снема, објаснува Стојко Стојков, лидер на ОМО „Илинден“-ПИРИН и член на МАНУ

Македонското малцинство во Бугарија нема големи очекувања по изборот на Илијана Јотова за старо-нов претседател на источниот сосед на Македонија, вели лидерот на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Стојко Стојков, бидејќи, според него, за Софија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците.

„Нивното разбирање е да се затворат случаите без да се имплементираат пресудите (на Европскиот суд за човекови права – н.п.) и Македонците никогаш да немаат свои организации, да не можат на никаков начин да се интегрираат во општеството, да учествуваат како сите други, рамноправно. Решението е Македонците да ги нема – така тие го гледаат македонското прашање. Решението меѓу Македонија и Бугарија е Македонците да ги снема. Проблемот е што ние постоиме“, изјави Стојков.

„Според мене, единственото решение е Македонија да престане да прави беспринципиелни компромиси, да го витка ‘рбетот, бидејќи тоа ги охрабрува најрадикалните делови од бугарското општество, коишто сметаат дека има надеж тоа да го постигнат. Кога ќе сфатат дека тоа нема да се случи, кога ќе видат дека тоа дава спротивни ефекти и ги компромитира и меѓународно, дека нивната политика всушност создава омраза меѓу двата народа, што е факт, тогаш мислам дека тие ќе се преиспитаат“, додаде членот на Македонската академија на науките надвор од работниот состав, кој своето пристапно предавање го одржа денеска на тема „Идентитетот во Средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top