Бизнис

Колку заработија домашните банки од провизии и надоместоци?!

Од анализата може да се заклучи дека за една година е зголемен процентот на профитна маржа за „надоместоци и провизии од платениот промет“ кај Стопанска банка, Комерцијална банка и НЛБ банка. Ако се споредат првите квартали од 2025 и 2026, кај НЛБ банка профитната маржа е зголемена од 65,55 на 66,83 отсто. Кај Комерцијална банка таа е зголемена од 60,42 на 66,51 процент. Исто и кај Стопанска банка има зголемување од 50,18 на 56,25 отсто. Просечната профитна маржа кај четирите банки, заедно со таа на УНИ банка, е 56,2 проценти од приходот.

Прашање кое граѓание често знаат да си ги постават. Колку заработија домашните банки од провизии и надоместоци?! Порталот „Фактор“ направи споредба на заработените профитни маржи од надоместоците за провизии и платен промет на најголемите деловни банки кои котираат на берзата, анализирајќи ги резултатите од билансите на успех во првиот квартал од 2026 и првото трoмесечие од 2025. Во меѓувреме во текот на 2025 година, барем на хартија, имаше значително намалување на некои трошоци за банките за плаќањата кон СЕПА и МИПС.

Во јули 2025 година Народната банка донесе нов модел на тарифирање за банките. Наместо претходниот модел, воведени се поефиксни и попредвидливи надоместоци, со што се намалија трошоците што банките ги плаќаат кон НБРСМ за процесирање на плаќањата преку МИПС. По приклучувањето на Македонија кон СЕПА, дел од банките почнаа значително да ги намалуваат тарифите за евро-плаќања. Сепак ова се само дел од трошоците кои учествуваат како „расходи за провизии и надоместоци“ кај домашните банки во земјата.

НЛБ банка во првите три месеци од оваа година има зголемени приходи од надоместоци за платениот промет, но и зголемени расходи. Нето-добивката од провизиите за периодот 1 јануари – 31 март 2026 е 6.725.447 евра и поголема е за 0,7 милиони евра во однос на првиот квартал од 2025-та.  Кај УНИ банка се зголемени и приходите и трошоците кај овој сегмент. Нето-заработката од овие услуги е намалена на 835.856 евра, односно за 100-тина илјади евра.

Комерцијална банка и Стопанска банка имаат зголемени приходи од овие надоместоци од една страна, а истовремено и намалени трошоци во овој сегмент.  Комерцијална банка остварила нето-добивка од 6.257.715 евра во овој период. Позитивната разлика во однос на минатогодишниот период е 0,81 милиони евра. Стопанска банка има зголемена добивка за „провизии и надомести“ за 0,423 милиони евра и таа изнесува 3.605.139  евра.

Од анализата може да се заклучи дека за една година е зголемен процентот на профитна маржа за „надоместоци и провизии од платениот промет“ кај Стопанска банка, Комерцијална банка и НЛБ банка. Ако се споредат првите квартали од 2025 и 2026, кај НЛБ банка профитната маржа е зголемена од 65,55 на 66,83 отсто. Кај Комерцијална банка таа е зголемена од 60,42 на 66,51 процент. Исто и кај Стопанска банка има зголемување од 50,18 на 56,25 отсто. Просечната профитна маржа кај четирите банки, заедно со таа на УНИ банка, е 56,2 проценти од приходот.

Овие надоместоци се втор најголем приход за комерцијалните банки, по наплатата на камати од пласираните кредити. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, прашана за можноста да се ограничат банкарските провизии, пред една недела рече дека „надоместоците не се дел од законска материја, ниту некогаш биле“.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top