Колумни

Преобјавен „Абецедарот“ за македонските деца во Егејска Македонија од 1925, кој е сведоштво за посебноста на македонскиот народ со својот македонски јазик

Во 1925 година се успеа преку тогашното Друштво на народи, кога не постоеше држава на македонскиот народ, да се издејствува „Абецедар“ за македонските деца во Егејска Македонија, макар и по барање на тогашна Бугарија и поради нејзините асимилаторски стремежи кон македонскиот народ. Денес, кога постои македонска држава на македонскиот народ, оваа Република Македонија, зошто да не се побара пак заштита за македонскиот јазик во Грција овој пат и од ЕУ и од Организацијата на ООН, како наследничка на некогашното Друштво на народи, па пак да се отпечати македонски овојпат „Буквар“, а не „Абецедар“ за македонските деца? Со барање и да се воведе македонскиот јазик во грчките училишта?! Правото на употреба на мајчиниот јазик е неотуѓиво право на секој народ и секое национално малцинство во Европа и светот, тоа право е загарантирано со сите европски конвенции и со конвенциите на ООН. Грција е обврзана со сите овие конвенции да ја овозможи употребата на македонскиот јазик во училиштата за македонските деца.

Првото училиште во Подвис беше упориште на македонскиот идентитет! Ако не се подобри наставата по мајчин јазик, ќе се разниша и македонската свест кај децата!

„Ако продолжи да тоне наставата по македонски јазик, последиците ќе бидат несогледливи: изгубено чувство за јазик, осиромашена култура на изразување, разнишана свест за македонскиот идентитет и сосема загубен интерес кај новите македонски поколенија за изучување и проучување на мајчиниот македонски јазик!“ – предупредува проф.д-р Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негаторски фалсификати за македонскиот јазик

Навршувањето на 78-годишнината од смртта на Малецки е соодветна пригода за навраќање со должна почит кон личноста и творештвото на овој полски лингвист, дијалектолог и еден од првите и најзначајни светски македонисти, чии македонистички истражувања и студии се траен и импозантен споменик на македонскиот јазик.

Турскиот генерал Ознал: Историските и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат!

Ознал пишува и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејска Македонија, под Грција. Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејска Македонија, присилно протерани во Бугарија.

Сократ Маркилов (12.4.1921-4.8.1993), македонскиот деец во Пиринска Македонија, кој одлежа 17 години во бугарските затвори, поради својата македонска определба и дејност

Покрај Сократ Маркилов, поради неговите замакедонски активности страдало и неговото семејство. Тоа било интернирано од комунистичките бугарски власти во градот Ловеч.

Штабот на востаниците влегол во Крушево на 4.8.1903 и началникот Никола Карев ја прогласил првата Македонска народна република: Ние сме чеда на Македонија!

На денешен ден, на 4 август 1903 година во Крушево влегол Штабот на крушевските востаници – Горското началство, кој бил свечено дочекан од народот. Началникот на Штабот Никола Kарев одржал револуционерен говор пред народот и ја прогласил првата Македонска народна република, по што го повикал народот да избере привремена влада. Владата била формирана со учество […]

Време е за нова пролет на Македонската Република! – пoрака до ЕУ и „добрите соседи“ од Давкова дека нема веќe да се „витка“ „железниот“ илинденско-асномски ‘рбет, како „гумениот ‘рбет“ на Заев!

На 2 август 1944 на Првото заседание на АСНОМ Панко Брашнаров го одржува историскиот говор, во кој меѓу другото, ќе каже: „Денес на вториот славен Илинден, се ставаат темелите на македонската држава… Да е жива нашата мила македонска федерална држава!“ На 2 август 2025, 81 година по Брашнаров, во својата илинденска реч, исто така, со исклучително значење во поновата македонска историја, претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова ќе се надоврзе на свој начин на зборовите на Панко, нагласувајќи: „Да ни е вековита Македонската република, зачната овде во Крушевската република! Да ни е вечна слободата! Ние не сме стебло без корен.“

Десетте револуционерни заповеди на Илинден во „Македонско дело“ од 1928: Како еден се крена сиот македонски народ, за да извика: Не сме веќе покорна раја!

„Повик кон македонскиот народ“ на ВМРО (обединета) по повод 25 години од смртта на Гоце Делчев, објавен во весникот „Македонско дело“ на 4 мај 1928: „Потомците на Гоце не можат да бидат робови. Идеалот на Гоце – слободата на Македонија – треба да се оствари. Делото на Гоце треба да се продолжи. Идеализмот и самопожртвуваноста, хероизмот и преданоста на Гоце нека служат како жив пример и импулс во тешката борба!“

Скандалозна противмакедонска провокација токму на Илинден: Во востанието учествувале Албанци, Власи и Бугари, не и Македонци! Албанците беа клучните чинители, па и на Крушевската република?!

„Некои албански историчари дури тврдат дека без Албанците Илинденското востание не можело ни да се замисли!“ – дел од наводите во жестоката и провокативна статија со антимакедонски карактер, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Жестокиот критичар на великобугарскиот шовинизам Мито Хаџивасилев-Јасмин (21.12.1922-1.8.1968): Македонците не можат да бидат асимилирани поради нивната јасна македонска национална свест!

Мито Хаџивасилев-Јасмин е многу повеќе од новинар и публицист: тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна. Преку своите текстови кристално јасно ги заштитува македонските национални и политички интереси. Се пројавува како застапник на македонските национални особености и како критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ.

To top