Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!
„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.