Свет

„АФД“ уште повеќе ја зголеми популарноста во Германија

Резултатите од анкетата се објавуваат само една недела откако АфД победи на регионалните избори во источната покраина Саксонија-Анхалт, освојувајќи рекордни 43,8 отсто од гласовите

Опозициската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) ја зголеми предноста пред конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц во новото национално истражување на јавното мислење, пренесува ДПА.

Според најновата анкета на агенцијата „Инса“ (Insa), спроведена за таблоидот „Билд“, АфД бележи раст од еден процентен поен и достигна 29 отсто поддршка. Конзервативниот блок предводен од Мерц – кој ги опфаќа Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) – останува на 20 отсто.

Зголемување од еден процентен поен бележат и опозициските Зелени, кои со 14 отсто поддршка ги претекнаа социјалдемократите (СПД), помладиот партнер во сојузната влада, кои паднаа на 13 отсто.

Резултатите од анкетата се објавуваат само една недела откако АфД победи на регионалните избори во источната покраина Саксонија-Анхалт, освојувајќи рекордни 43,8 отсто од гласовите.

Истовремено, денеска се одржуваат локални избори во западната германска покраина Долна Саксонија, каде што околу 6,3 милиони граѓани со право на глас избираат градоначалници, окружни управители и локални совети. Избирачките места беа отворени во 8 часот. Иако локалните избори вообичаено не привлекуваат големо внимание, фокусот на јавноста е насочен кон Долна Саксонија по убедливата победа на АфД на 6 септември, а во пресрет на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, закажани за 20 септември.

Иако АфД бележи силни резултати во источните покраини и постепено ја зголемува популарноста и на запад, нејзината поддршка во Долна Саксонија и другите западни сојузни држави е традиционално пониска. На претходните локални избори во Долна Саксонија во 2021 година, партијата освои само 4,6 отсто од гласовите на окружно ниво.

Покраинската организација на АфД во Долна Саксонија се наоѓа под надзор на германската служба за внатрешно разузнавање поради сомневања за крајнодесничарски екстремизам – квалификација што партијата ја оспорува пред суд. Дополнително, четворица кандидати на АфД беа отстранети од изборните листи поради сомнежи во нивната лојалност кон германскиот Устав.

Денешното гласање, на една година пред редовните покраински избори, се смета за важен тест за расположението на гласачите во Долна Саксонија, со која во моментов управува коалиција меѓу социјалдемократите и Зелените.

Следните сојузни (федерални) избори во Германија се закажани за 2029 година.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

To top