Свет

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

„Левица“ победи на изборите во Берлин со над една четвртина од гласоивите (25,6 %) со што го удвоија претходниот резултатот. Демохристијаните остануваат втори со 18,9 отсто, трети се „Алтернатива за Германија“ со 16,1 отсто, кои се пред „зелените“ и социјалдемократите. Во парламентот со 159 места, демохристијаните ЦДУ губат половина од своите места и ќе имаат само 35 пратеници.

„Левцата“ е предводена 45-годишната адвокатка со турско потекло Елиф Ералп.

Новоизбраниот парламент гласа и го избира владејачкиот градоначалник. Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град.

„Испишавме историја“, им порача кандидатката на Левицата, Елиф Ералп, на своите еуфорични поддржувачи. Според проекциите, нејзината партија убедливо победи пред ЦДУ на изборите во Берлин.

Со тоа Левицата за првпат добива реална можност да го даде градоначалникот на Берлин. Тоа би можело да се случи преку тричлена коалиција со Зелените и Социјалдемократската партија (СПД).

Најнови вести од: Свет

Гутереш: Африка треба да добие место во Советот за безбедност на ОН

Мораме да се реформира меѓународната финансиска архитектура создадена од богатите за богатите и да ја направиме поусогласена со потребите на земјите во развој, особено во Африка“ (линк во коментар)

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top