Бизнис

Пад на каматите на кредитите

Во септември просечната каматна стапка на вкупните депозити на месечно ниво е зголемена за 0,01 процентен поен и изнесувала 2,23%, додека кај кредитите во септември просечната каматна стапка забележа пад од 0,05 процентни поени и изнесувала 4,47%.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во септември забележа годишен раст од  0,19 процентни поени и таа во септемви изнесувала 2,20%, соопшти Народна банка.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,56 процентни порени и во септември изнесувала 4,85%.

Во септември просечната каматна стапка на вкупните депозити на месечно ниво е зголемена за 0,01 процентен поен и изнесувала 2,23%, додека кај кредитите во септември просечната каматна стапка забележа пад од 0,05 процентни поени и изнесувала 4,47%.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити во септември изнесувала  2,23% и бележи месечен раст од 0,17 процентни поени, додека на годишна основа е намалена за 0,37 п.п.

Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити остварила месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. односно 0,51 п.п.

Според податоците на Народна банка, заклучно со септември, вкупните депозити што ги имаат граѓаните и фирмите во банките се 10,2 милијарди евра, а вкупниот долг за кредити на домаќинствата и бизнисите изнесува 8,7 милијарди евра.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

To top