Бизнис

(Видео): Извозот, образованието и регионалната соработка приоритети во работењето Комората

Во економскиот магазин бизнисмените отворено зборуваат за актуелните состојби со извозот, регионалната соработка и со образованието, како и за својата професионална работа и придонесот што го даваат во Комората.

Во најновата епизода од втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески разговара со петте експерти во Комората, кои преку својата стручност, професионалниот интегритет и транспарентниот пристап во работењето даваат значаен придонес за унапредување на бизнис-климата и за креирање функционални решенија за компаниите: м-р Анета Димовска, менаџер за извршување работи од надворешно-трговското и од царинското работење и даночната политика и координатор на аналитички центар; м-р Наташа Јаневска, советник за образование во Кабинетот на претседателот на СКСМ; д-р Татјана Штерјова-Душковска, оперативен директор во Организациската целина за развој, иновации и знаења; м-р Игор Тасевски, АТА-карнет менаџер, и м-р Михајло Донев, помошник-оперативен директор во Организациската целина за развој, иновации и знаења, професионалци вработени во Комората.

Во емисијата тие отворено зборуваа за актуелните состојби со извозот, регионалната соработка и со образованието, како и за својата професионална работа и придонесот што го даваат во Комората.

Економскиот експерт м-р Анета Димовска со долгогодишно искуство на високи раководни позиции – од раководител во Министерството за финансии до државен секретар во Министерството за економија – магистрирал на Економскиот факултет во Скопје. Во 2019 година од државниот сектор таа преминува со работа во Стопанската комора.

Во разговорот за извозот м-р Димовска укажува на тоа дека регионот, вклучително и нашата земја, е заглавен помеѓу минатото и иднината и дека тешко се снаоѓа во сегашноста, што директно се одразува врз извозните перформанси. Според неа, во вакви услови извозот нема драматична перспектива без суштински структурни промени.

Врз основа на своето искуство во државната администрација, м-р Димовска оцени дека јавната администрација мора директно да ги слуша претставниците на бизнисот доколку навистина сака да ги разбере нивните барања, проблеми и предизвици. Само формално разгледување на барањата, кои понекогаш не се доволно прецизно формулирани и образложени од бизнисот, може да создаде погрешен впечаток дека приватниот сектор не знае што бара. Во такви услови проблемите често се префрлаат од една институција на друга, а нивното решавање се одолговлекува.

Таа потенцираше дека заедничкото решавање на проблемите носи придобивки за двете страни и нагласи дека платите во јавната администрација се резултат на даноците што ги плаќа приватниот сектор, поради што администрацијата мора да испорачува соодветни, ефикасни и квалитетни услуги.

  • „Администрацијата, па и политиката треба да им бидат слуги на бизнисот и на граѓаните, а не нивни господари“, истакна м-р Димовска.

Зборувајќи за улогата на образованието во создавањето стручен кадар, таа нагласи:

  • „Ако се гледа на макро-ниво, образованието насочено кон создавање кадар за потребите на бизнисот, со заложбите што ги прави Комората, покажува одредено позитивно поместување во обезбедувањето кадар со пониски квалификации, но сѐ уште мора да се работи во сите сегменти на образованието за тоа да стане функционално и да ги следи потребите на бизнисот.“

И покрај спроведените реформи во образованието, м-р Димовска изрази загриженост дека образовниот систем во државава создава кадар кој си заминува од неа и се вработува во странство.

М-р Наташа Јаневска, експерт со долгогодишно искуство во областа на образованието насочено кон создавање стручен кадар за потребите на бизнисот, истакна дека и најсовремените машини и технологии се неупотребливи без соодветно обучен и квалификуван кадар кој знае да работи со нив. Според неа, инвестициите во образованието се директна инвестиција во продуктивноста, ефикасноста и во растот на бруто-домашниот производ.

  • „Без квалификуван кадар не можеме да очекуваме продуктивност, производство и ефикасност, а со тоа и зголемување на БДП. Целата наша посветеност и ангажираност се насочени кон создавање квалитетно, функционално образование според потребите на бизнисот“, нагласи м-р Јаневска.

Таа потенцираше дека континуираниот дијалог меѓу образованието и бизнис-секторот е клучен предуслов за успех и дека образовните институции треба активно да ги слушаат барањата на компаниите при дефинирањето на потребните вештини и компетенции, со цел креирање програми со силна практична компонента.

Како поранешен државен советник во Министерството за образование и наука и како член на Советодавниот комитет за стручно образование и обука при Европската комисија, таа е еден од клучните креатори на Националната рамка за квалификации. Од 2019 година е дел од Стопанската комора на Македонија, каде што работи на создавањето систем за развој на кадар во согласност со потребите на бизнисот.

Врз основа на искуството од Министерството за образование и наука, м-р Јаневска објасни како се одвивал процесот на воведување на учењето преку работа во компаниите каде што учениците стекнуваат практични и трансферзални вештини во реална работна средина. Таа нагласи дека денес, благодарение на активната улога и активностите на Стопанската комора, дуалното образование бележи значителен раст и по бројот на вклучени компании и по бројот на вклучени стручни училишта и дуални паралелки.

Експертот за регионална соработка д-р Татјана Штерјова-Душковска зборуваше за значењето на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) како клучна платформа за артикулирање и за канализирање на интересите и потребите на бизнис-заедницата од шесте земји на Западен Балкан. Таа објасни дека иницијативата произлегла од самите комори предводени од претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, заедно со тогашниот претседател на Комората на Косово и со претседателот на Стопанската комора на Србија, во рамките на Берлинскиот процес.

Д-р Душковска истакна дека регионалната соработка, особено активното вклучување на приватниот сектор, денес се високо позиционирани во агендата на Европската комисија. Според неа, ваквото позиционирање е директен резултат на конзистентната и долгорочна работа на КИФ и нагласи дека листата на компании кои имале конкретни придобивки од активностите на КИФ постојано се проширува.

Зборувајќи за својот професионален пат, кој го започнала како асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и за своето вработување во Стопанската комора, д-р Душковска истакна:

„Коморското работење и начинот на функционирање, како и темите што се опфаќаат нудат една сестраност, која на друго место во државава тешко може да се оствари. Таквиот преглед на отворени прашања на теми за различни сектори и индустрии, фокусирани на едно место, и големиот круг познанства и компании може да овозможат значаен професионален и кариерен развој.“

М-р Игор Тасевски, експерт за услугите на Бизнис-канцеларијата при Стопанската комора, во разговорот се осврна на својата професионална кариера, истакнувајќи дека и покрај меѓународното образовно и работно искуство, одлучил својата кариера да ја гради во сопствената држава. Своето образование го надградил на постдипломските студии по стратешки менаџмент на колеџот „Сентениал“ во Торонто, Канада, а извесен период работел и како предавач на факултети во Кина и на Тајланд, искуство кое го оценува како исклучително позитивно и кое му ја збогатило професионалната кариера.

М-р Михајло Донев, експерт за развој на човечките ресурси, нагласи дека современите професии сè повеќе бараат комбинација од специјализација во одредена област и приспособливост, како резултат на забрзаните технолошки промени. Според него, дигитализацијата суштински ги менува професиите, а континуираното учење станува неопходност. Како потврда за ова м-р Донев го посочи својот образовен пат – дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а магистрирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Тој се осврна и на сопственото искуство нагласувајќи дека практичната обука реализирана во Комората била клучна за неговиот професионален развој. Според него, Комората претставува уникатна симбиоза меѓу приватниот и јавниот сектор, која нуди исклучителни можности за учење, напредување и за градење мрежа на контакти. „Искуството што се стекнува во Стопанската комора ретко која институција може да го понуди“, заклучи м-р Донев.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Јавниот долг е под контрола, фискалната консолидација продолжува, рече Димитриеска-Кочоска

Владата успешно го менаџира растот на економијата. Министерката за финансии тврди дека јавниот долг останува под 60 отсто од БДП и дека Владата и годинава ќе ја исполни обврската за фискална консолидација.

Унапредувањето на соработката во фокус на средбата меѓу гувернерот Славески и гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг

Во рамките на разговорите им беше посветено внимание на трговските и на финансиските односи меѓу двете земји, при што беа разгледани и можностите за нивно понатамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка. Притоа, беше нагласена долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеноста на Народната банка за натамошно засилување на дијалогот и размената на искуства со Народната банка на Кина.

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата

Изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10 -д, се реализираат со засилена динамика, истите ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места

Инфлацијата се намалува, девизните резерви растат, а финансискиот систем останува стабилен

Централните банки се соочуваат со еден од најголемите предизвици во последните децении, во услови на зголемена глобална неизвесност предизвикана од пандемијата, геополитичките конфликти, нарушените синџири на снабдување и силниот по раст на цените на енергијата и суровините. Потребата од навремени и одлучни политики за зачувување на ценовната и на финансиската стабилност беше една од главните теми на панел-дискусијата „Трасирање на идниот развој“, одржана во рамки на меѓународниот симпозиум организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај.

Ново поскапување на храната и раст на трошоците за живот – народот нема пари, обвини СДСМ

Од СДСМ посочуваат дека растот на платите не е доволен за да го следи поскапувањето, а дополнителен проблем е и немањето нови мерки од страна на Владата за заштита на стандардот на граѓаните. Според опозицијата, секојдневните трошоци како храната, сметките и превозот стануваат сè поголем товар за семејните буџети. Тие алармираат дека синдикалната потрошувачка кошничка континуирано расте, додека реалната куповна моќ на граѓаните опаѓа.

Ако храната поскапува, Владата најави мерки за граѓаните полесно да го поминат месецот

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

Ветерниот парк во Штип е инвестиција од 400 милиони евра, најавува премиерот

Расположливиот потенцијал на Црна Река досега е искористен само со изградбата на високата брана „Тиквеш“, а тоа е всушност долниот дел од клисурниот потег на Црна Река. Спротиводните акумулации „Галиште“ и „Чебрен“ имаат исклучиво енергетско значење, со услови за формирање на големи акумулации, (особено акумулацијата „Чебрен“ ) и за израмнување на протечните води на Црна Река, сè со цел нивно целосно искористување.

ММФ со позитивна оценка за македонската економија – раст, стабилност и намален долг

ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден. Според извештајот, стапката на адекватност на капиталот изнесува 19,4%, значително над регулаторните барања, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на историски најниското ниво од 1,9%. Ликвидноста и профитабилноста на банкарскиот систем и натаму се силни, со што дополнително се потврдува неговата отпорност.

Најнови вести

To top