Колумни

Гане Тодоровски, столбот на македонската самосвест: Да не ја раздадеме одново Македонија! Македонците со впечатлива издржливост чекорат кон надежта!

„Летописот на македонската опстојба низ вековите прилега на неверојатна приказна: речиси, нема многу вакви или слични примери во историјата, за олку жилавост и истрајба пред непогодите на времињата! Иако благонаклонетоста на судбата најчесто ги разминувала, Македонците во својата Виа Долороса (Патот на солзите и маките) врашки упорито чекореле кон хоризонтите на надежта. Македонците успеале конечно да се доближат до големата цел да се опстои низ премрежјата на долгата и исцрпувачка борба, проследена од востанија и од порази, од пркоси и поревања. Суровата школа на егзистенцијата ги научила Македонците на впечатлива издржливост. Македонија е вековита и непореклива.“ – вака беседеше Гане Тодоровски, еден од великаните на македонската литература и јазик во 20-тиот и 21-виот век и еден од столбовите на македонската национална самосвест, во своето дело „Македонија културно наследство“– „Македонија – вековита и непореклива“ во 1995 година. Денешниов 11 мај, денот кога тој се роди во 1929 година во Скопје, е соодветна пригода за ново вдахновување со поуките, пораките и завештанијата негови кон народот македонски, кому тој му го посвети сиот свој живот и сето свое пребогато творештво. 

Пишува: Свето Тоевски

„Гане Тодоровски спаѓа во редот на највпечатливите ангажирани и остроумни личности во македонската литература.“ – нагласи Раде Силјан на претставувањето на Избраните дела во десет тома од Гане Тодоровски. Тогаш за импозантното творештво на Гане, но и за генијалноста негова како творец, Силјан ќе дополни: „Неговите стихови извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и со сиот свој сјај естетски и идеен проблеснуваат пророчки, секавично. Во македонската литература Гане Тодоровски заора бразди, обликува препознатлива широко прифатлива и трпеливо градена поетика, која стана репер за високите естетски вредности. Уметничките дострели на неговите бројни книги го воздигнаа на пиедесталот на една многустрана поетска големина, која може да се именува како македонска национална гордост.“

Со својата песна „Македонски монолог“ Гане Тодоровски се извишува во блескавите врвови на македонската поезија и всушност води дијалог со македонското минато, сегашност и иднина во името на македонскиот народ. Покрај другото, во „Македонски монолог“ Тодоровски испеал: В крвта ни остана едно недоречување, / ропско, македонско и зошто не: наметнато! И требат тони грижи на појќе поколенија / за да се истријат тие петна / на срам од себеси, од себепремолчување. … одвеќе стоиме! И ако така уште постоиме, / не ќе постоиме! … Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде / да не би одново да Те раздадеме!“

Гане Тодоровски дипломирал и докторирал во Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор. Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката го вбројуваат меѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови во Европа и светот. Во 1951 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија. Двапати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971). Како член на Македонската академија на науки и уметности е избран во 1997 година.

Тој е автор на импозантно литературно дело. Напишал 12 книги со поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература. Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха, во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Натаму овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди, низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој. Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик. Неговата дејност на ова поле е ориентирана кон руската поетска школа, англосаксонската, германската, француската, полската и чешката. Кон тоа треба да се додадат и огромниот  број препеви од литературите на балканскиот книжевен круг.

Еден дел од активностите на поетот, литературен критичар и есеист Тодоровски е сврзан и со историјата. Тој беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век, книжевно-историска област, кон која тој беше доследно приврзан во текот на сиот свој творечки век. Тој ги толкува делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни чинители и вообликувачи на нашиот современ литературен израз и на состојбата на македонската современа национална свест. Во 1990 година Тодоровски е избран како прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен како прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

Гане ја смести во националната книжнина и во македонското колективно паметење и својата монументална песна „Македонски јазик“, во која, меѓу другото, порача: „… Се откорна ти како борбен вик / на востанатиот наш бунтовник / што прв ја презре ропската мирнотија! Низ тажачки се раздипли в клет збор, / закремене низ корав непокор / ко завет свет на тие што нè родија …… Ти возбудлив здив на татковината! … / … и биди верен вардач на сиот народ наш, на молитва татковинска да прилегаш …  воздишко низ која првпат сме заплакале!“

Академик Тодоровски е добитник на повеќе признанија и награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“ – Струшки вечери на поезијата, „Ацо Шопов“ – ДПМ, „Димитар Митрев“ – ДПМ, „Кирил Пејчинович“ за преведувачки опус, Книжевно жезло и на голем број пофалници во земјава и во странство. Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010 година. Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија Стефан. Последна желба на Гане му била да го погребаат токму во Кожле и неговата песна „Завет“ да биде прочитана на закопот. Желбата му била исполнета.

„Завет“ е во вистинската смисла на зборот Заветна за македонскиот народ. Во неа Гане за себе испеал: Онаму дечиња, онаму внучиња мои, / Ридјено кајшто се грвали, дабјено кајшто се рои, Могила малечка онаму нека ми стои…“  Но, тој во „Завет“ ќе го втисне и својот последен македонски поетски здив ќе и остави трајно завештание на својот народ секогаш да се бори за својот опстој: „…Одоколу да тече време македонско, да блика!“

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top