Колумни

„Географијата на економското, животното и политичкото незадоволство“ создава голем отпор кон проширувањето на ЕУ и е закана за нејзиното постоење!

ЕУ се обидува да го унапреди проширувањето како „геополитички императив“, мотивирана главно од желбата да ја прими Украина во своите редови по секоја цена и затоа му дава на проширувањето третман на „геополитичка неопходност“. Но ЕУ се соочува со длабок внатрешен отпор кон проширувањето, поттикнат од „географијата на незадоволство“ во постојните земји-членки. Експертите истакнуваат дека европските региони, што доживуваат долгорочен индустриски пад, висока невработеност, низок квалитет на јавните услуги и на здравството и јавниот транспорт, се главните носители на евроскептицизмот и противници на европската интеграција. Тие европски региони искажуваат негативно расположение против „далечните елити во Брисел“, но и и против приемот на нови држави во ЕУ. Според експертите, „географијата на незадоволство“ многу ги отежнува плановите за проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија. Taa „географија на економско незадоволство“ веќе се претвора и во масовна „географија на животно и политичко незадоволство“ низ целата Европска унија и европскиот континент.

Пишува: Свето Тоевски

Повеќе од десет години се шири сѐ повеќе низ целата Европска унија појавата, која експертите ја означуваат како „географија на економското незадоволство“, предизвикана од големиот пад во економските активности и развојот на многу региони во сите 28 држави-членки на ЕУ, но и поради политиките на „европската влада“ – на Европската комисија. Експертите, предводени од влијателни личности како професорот по економска географија Андрес Родригез-Позе од Лондонската школа за економија и политички науки, го дефинираат концептот „географија на незадоволство“ како израз на фрустрација и незадоволство кога системот ги „заборава“ односните региони како „места што не се важни“ и ги „отфрла“ нивните жители. Соодветно на ова, и тие жители се чувствуваат како „заборавени“ и „неважни“.

Исто така, и Егејска Македонија, денес во Грција, и Пиринска Македонија, денес во Бугарија, се дел од „развојно заборавените региони“ во овие две држави.

Тоа кај тамошните Македонци предизвикува и чувство на „етничка исклученост“ од грчките и бугарските национални економски и развојни политики.

Д-р Ѓовани Перука и д-р Камила Ленци, професори по регионална економија од Политекнико – јавниот универзитет за инженерство и технолошки науки од Милано, Италија, се дел од сѐ поголемата група европски експерти, кои говорат не само за „географија на економското незадоволство“, туку сѐ повеќе и за „географија на животното и политичко незадоволство во Европа“. Според Перука и Ленци, ваквото тројно незадоволство, економско, политичко и животно,  постои веќе цели две децении во регионите на Европа. Перука и Ленци спровеле научно  истражување „Корените на географијата на животното и политичко незадоволство“, кое опфатило 351 илјада жители на низа различни региони во Европа, засновано врз 16 анкети на „Евробарометар“ од 2013 заклучно со 2023 година. Резултатите од ова нивно истражување, објавено на 18 јуни 2025 година, покажале дека „географијата на животното и политичкото незадоволство во Европа и ЕУ“ е директна причина за поддршката на луѓето од „заборавените региони“ за евроскептичните партии, кои се противат на натамошната интеграција на други држави во Европската унија.  

Во обемната научна студија „Географијата на незадоволството од ЕУ“, објавена на 24 септември 2019 година, Позе заедно со уште д-р Луис Дикстра, и Хуго Поелман предупреди дека е „во пораст гласањето против ЕУ и европската интеграција, односно против натамошното проширување на ЕУ“. „Во многуте региони силната поддршка за партиите, што се спротивставуваат на интеграцијата во ЕУ бргу се зголемува. Бранови на незадоволство ја зафаќаат целата ЕУ. Порастот на гласањето против естаблишментот во сопствената држава, но и против Брисел, ги загрозува европската интеграција, проширувањето на Унијата.“ – наведоа овие тројца автори во својата студија, која има многу голема научна тежина, бидејќи ја истражува и ја мапира „географијата на незадоволството од ЕУ“ во повеќе од 63 илјади изборни единици во сите 28 држави членки на ЕУ! Д-р Дикстра е експерт за градско и територијално планирање од Центарот за градска и територијална анализа на Европската комисија. Хуго Поелман е специјалист за територијален развој во Генералниот директорат за регионална и градска политика на Европската комисија.

Предупредувањата на Позе  беа алармантни уште пред 7 години, а што да се каже пак за ситуацијата денес?! Најновите моменти на овој план укажуваат дека колку подлабоко станува економското заостанување и колку подолго односниот европски регион „заглавува“ во застојот со развојот, толку посилен станува отпорот кон европската интеграција, односно кон натамошното проширување на ЕУ со нови членки! Географијата на животното, економското и политичкото незадоволство“ забрзано и во сѐ поголема мера ѝ се заканува на Европската унија. Во својата научна статија „Незадоволството е главната закана за Европа“, објавена во април 2025 година, Андрес Родригез-Посе Посе заклучува: „Ако продолжат маршот на евроскептицизмот и неконтролираниот економски пад на регионите низ Европа, тогаш политичките последици ќе бидат сеизмички, како земјотрес. Ова повеќе не е расправа за економија. Станува збор за опстанокот на ЕУ!“

Најновите моменти од нараснатата „географија на незадоволството“ во ЕУ и од самата ЕУ многу добро можат да е согледаат и од анализата „Стравот од популистите ги тера владите да се спротивстават на проширувањето на ЕУ“, која ја објави бриселски „Политико“ на 14 април 2026 година. „Визијата на Урсула фон дер Лајен за значително проширена Европска Унија, што ја вклучува Украина, наидува на тешка пречка: многу сегашни членки не сакаат да зборуваат за тоа. Постои неподготвеност за проширувањето во неколку престолнини на ЕУ. Дипломат од земја од ЕУ со средна големина ги пренесува гласовите на противниците на проширувањето: ‘Кои се овие луѓе? Што ќе прават во нашиот клуб? Дали ќе дојдат да ни ги земат работните места?’ Висок дипломат од голема европска земја укажува: ‘Големото мнозинство од земјите-членки на ЕУ немаат желба за дебата за проширувањето во овој момент.“ – пишува, покрај другото, во оваа анализа на „Политико“.

(Авторот изнесува во колумната согледувања од сопствена економско-политиколошка анализа, кои не одразуваат ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

„Нова Македонија“

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top