Колумни

Бугарите, етнојазичната копија на македонскиот оригинал, сакаат со Македонците да ги пополнат своите „идентитетски и демографски дупки“! (1)

Стануваат  не само апсолутно неприфатливи, туку и веќе зачудувачки сѐ поагресивните настојувања на Бугарија и бугарските политичари и „научници“ на секакви начини да успее операцијата „Бугари во македонскиот устав“. Дали  Бугарија цели да добие, всушност, „македонски идентитетски материјал“, за да ги пополни големите „дупки“ во бугарскиот идентитет, во колективната етнојазична сѐ уште неосознаеност на Бугарите кои се и што се по потекло?! Бугарскиот историчар-археолог д-р Николај Овчаров во своја колумна има напишано уште во 2025 година, како што нагласил самиот, за „сензационалните резултати од научната експедиција на тим на бугарски и монголски научници во потрагата по корените и потеклото на Бугарите, спроведена во 2025 година во Монголија“… Бугарите трагаат непрестајно по своите корени и потекло, а ги негираат автентичните корени и потекло на македонскиот народ. Поточно сакаат да ги прикажат како свои и да ги присвојат, за да прекинат конечно со таа своја идентитетско-историска потрага. Но, покрај обидите да се украдат и да се бугаризираат македонската етничка и идентитетска засебност, фолклор, јазик, историја и другите етноидентитетски обележја, дали ѝ се потребни Македонците на официјална Софија и како „нов човечки и демографски материјал“, за да ги пополнат огромните „демографски дупки“ во бројот на бугарското население, кое се намалува катадневно, од година в година?! Зашто, последицата на „Бугари во Устав“ е најдиректно претворање на сите Македонци во „штотуку разбудени и благонадежни Б’лгари“, со кои би се амортизирала колку толку и демографската катастрофа, што ѝ се случува на Бугарија. 

Пишува: Свето Тоевски

Има уште една дилема, или можеби прашање, но за на кое е веќе однапред даден одговор, како и на претходните две „дали“. Дали вистинската цел на проектот „Бугари во македонскиот устав“ е намерата да се обезбеди и нов „територијален материјал“ со придодавање, перспективно, на „бугарскиот територијален дел од Македонија“ кон постојната бугарска територија и држава, ако и откако би започнал “државотворно да функционира“ „бугарскиот државотворен народ“ во Македонија?! Зашто, веќе од поодамна во стратегискиот документ на БАН и на „Бугарската национална доктрина за 21 век“ Македонија е само „втора бугарска држава во Балканот“.

Во контекстот на овие три „дали“ – дилеми ќе мора да се  анализираат вџашувачкиот интензитет на најновите истапувања на бугарскиот премиер Румен Радев во Тиват, но и невидените притисоци на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и европските пратеници преку најновиот извештај на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент. Сите одново сега веќе и агресивно бараат промена на македонскиот устав како „предуслов за отпочнување на преговорите со ЕУ“. Бараат како да им е Македонија нивна држава, спротивно на сите норми и принципи на меѓународното право, на сите меѓународни резолуции и повелби за недозволивоста на гибањето во чиј било идентитет и правото на создавање и функционирање самостоен уставен, правен и политички систем, без ничии странски влијанија и интервенции.

Бугарските државни и политички лидери, нивните „научници“ се пенават не само денес, туку веќе со децении дека не постои етнојазичната и идентитетска категорија Македонец, македонски, во обид да ги прикажат и да ги претворат во Бугарин, бугарски. За нив „Македонец, македонски идентитет и историја се непостојни, измислени, политички исконструирани концепти“. Но, што вели објективната светска наука и научници, кој постои и од кога како реален концепт на историјата?

Холандскиот филолог, славист и експерт по балканска историја и лингвистика д-р Жанет Сампимон-Веријзер нагласува во својата докторска дисертација „Станување Бугарин: артикулацијата на бугарскиот идентитет во 19. век во неговиот меѓународен контекст: интелектуална историја“ дека „еден век претходно концептот ‘Бугарин’ беше практично непознат, за него не се слушаше“. „Бугарите’ беа племе со несигурен идентитет и потекло, како и другите нејасни етникуми со недокументирано минато како што се Тракијците, Сарматите, Хуните, Маѓарите или Турците. Името ‘Бугарин’ преживеа како синоним за ерес и како термин на злоупотреба (‘бугомил’, ‘бугре’, ‘бугер’). Населението беше идентификувано само како поданици на Отоманската Империја… зборувајќи (во приватната сфера) некој нејасен дијалект, кој дури и не беше општо признат сè уште како дел на словенското јазично семејство. Во деветнаесеттиот век оваа аморфна група беше конституирана во бугарска нација.“ – истакнува Сампимон во својата дисертација.

Британскиот историчар д-р Дејвид Шепард уште во 1968 година укажува „дека прабугарите, дојдени во Балканот, се помешале со Словените и го презеле нивниот етнички код, јазик и цивилизација“. „По навлегувањето во Балканскиот полуостров, Бугарите, кои припаѓале на различни расни групи, биле асимилирани од локалното словенско население, усвојувајќи го нивниот јазик. Првото и Второто бугарско кралство ја зачуваа словенската цивилизација…“ – посочува Шепард во својата магистерска студија „Односите меѓу Југославија и Бугарија, 1918–1941“. 

Хрватот Ватрослав Јагиќ, еден од најголемите слависти во 19 и 20 век, професор по словенска филологија во Одеса, Берлин, Петербург и Виена, прецизира дека на Бугарите им се случи словенизација и македонизација. Во своето дело „Историјата на книжевностите на хрватскиот и српскиот народ – стара доба“ од 1867 година Јагиќ го објаснува доаѓањето и преплавувањето на Балканот во 7 век од Прабугарите и нагласува: „…азијатските Бугари го преплавија Балканот преку Дунав…; им се рашири државната власт низ Балканот, низ Македонија и Тракија. Кога македонско-словенскиот јазик преовлада со целата бугарска држава, тие му дадоа државно име, нарекувајќи го јазикот бугарски!“

(продолжува)

(Авторот изнесува во колумната согледувања од своја научно заснована политичко-историска анализа, која не одразува ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top