Колумни

Не може никој Македонецот да го престори Бугарин од „бугарско тесто“, ниту Бугаринот „идентитетски да се стокми“ со крадење македонски белези! (2)

Македонците, македонската историја, идентитет и јазик немаат никаква врска со Бугарите, кои се, според најнеутралните и најобјективни научни сознанија, „мешани етнолингвистички луѓе“. Сегашните агресивни обиди да се вметнат „државотворните Бугари“ во највисокиот правно-политички акт на македонската држава се нова индикација дека бугарскиот народ можеби сѐ уште нема свој целосно искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Прилози кон ваквата претпоставка се многубројните научни трудови и студии на највисоки бугарски научници и академици, кои продолжуваат интензивни научни расправи за потеклото и корените на денешната бугарска нација. Светски угледната „Енциклопедија британика“ нагласува: „Бугарите се народ, кој е сѐ уште предмет на академски спор во однос на нивното потекло (турско или индоевропско), како и за нивното влијание врз етничката мешавина и јазикот на денешна Бугарија“. Угледниот австриски историчар д-р Улф Брунбауер изнесува научни аргументи дека во обидите да ги бугаризира македонскиот народ, јазик и историја Софија ја киднапира македонската евроинтеграција со таа агенда, која нема никаква врска со ЕУ!

Пишува: Свето Тоевски

Во книгата за „потрагата на Бугарите по прататковината“, Пламен В’лов го цитира бугарскиот академик-историчар Васил Ѓузелев, кој нагласува: „Прататковината на таканаречената туркоалтајска заедница, кон која припаѓаат не само Прабугарите… е источен Казахстан, од каде што започнува нивното патување кон запад.“.. Според Ѓузелев, „прабугарскиот јазик во натписите и други паметници е во основата алтајско-турски јазик со ирански заемки како вторични слоеви“. Самите факти и аргументи, а не ние, говорат дека, форсирајќи „идентитетско-јазичен и историски инженеринг“ „Бугари во македонски устав“, Бугарија цели да добие, всушност, „македонски идентитетски материјал“, за да ги пополни големите „дупки“ во бугарскиот идентитет и со цел да ја разреши колективната етнојазична сѐ уште неосознаеност на Бугарите кои се и што се по потекло.

Дилемите на Бугарите за нивното етничко потекло и јазик денес се дел од главните причини зошто посегаат по македонскиот идентитет, јазик и историја: бидејќи сѐ уште немаат осознаено што се и кои се, од кај се по потекло, тие сето тоа го „разјаснуваат“, крадејќи ги идентитетот, јазикот и историјата на Македонците, кои се присутни на Балканот многу векови пред да дојдат во него предците на денешните Бугари. Македонците немаат потекло од иранските или турските степи, од азиски, монголски, или други простори како Прабугарите.

 Македонците како народ настанале пред околу три илјади години на простори илјадници километри подалеку од прапределите на бугарскиот народ. Македонците немаат турско-алтајски, ирански или други лексички слоеви во македонскиот јазик.

Откако дошле на Балканот, во следните векови од нивниот етнојазичен развој Бугарите започнале делумно да се словенизираат, а потоа и да се македонизираат преку контактите со македонскиот етнос. Македонците влијаеле врз денешните Бугари, а не Бугарите врз Македонците! Во голема мера Бугарите се етнојазична копија на македонскиот оригинал! И денес копијата му „докажува“ на оригиналот: „Јас сум оригинал, а ти си копија!“ Колку повеќе и сега „јуришаат“ Бугарите на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската национална историја, толку повеќе се безуспешни нивните обиди со „македонскиот материјал“ да ги пополнат големите и длабоки „дупки“ во нивниот идентитет. Бугарите сѐ уште немаат осознаено ниту кои се по потекло, ниту од каде дошле на Балканот. Тие се потонати во „етничко-лингвистичка магла“ и продолжуваат да талкаат, барајќи се себеси низ распаќето на историјата на Евроазија.

 Колку и да се крадат од Македонците песни, обичаи, јазик, идентитетски елементи, сепак, не може сосила да се исконструира „идентитетски стокмен Бугарин“, користејќи го Македонецот како основа. Ниту може Македонецот да се престори Бугарин, да се „измеси“ од „бугарско тесто“. 

Брунбауер: Во обидите да ги бугаризира македонскиот народ, јазик и историја, Бугарија ја киднапира македонската евроинтеграција со таа агенда, која нема никаква врска со ЕУ!

Универзитетскиот професор и историчар од Австрија д-р Улф Брунбауер веќе три години изнесува научни погледи дека Бугарија во меѓувреме најотворено ја злоупотребува својата позиција и предност како членка на ЕУ во обидите да ги бугаризира македонскиот народ, јазик и историја. Во својот научен труд  од 2023 година „Странични ефекти од ‘фантомските болки’: како бугарската историска митологија го попречува пристапувањето на С.Македонија во ЕУ“ Брунбауер истакнува, како што нагласува, дека „очигледно националистичката патологија и апсурдна позиција на Бугарија кон Македонија стана официјална политика на ЕУ“. „Членството во ЕУ ѝ дава предност на Бугарија како членка да може да го киднапира процесот на пристапување во име на агенди, кои немаат никаква врска со ЕУ. Барањата на Бугарија кон Македонија во врска со историјата и јазикот на Македонците покажуваат дека таа страда од ‘фантомските болки’, кои започнаа уште во 1878 година кога беше основана новата бугарска држава без да се припои кон неа и Македонија, регион/земја за која бугарските националисти историски тврдат дека е нивна.“ – посочува австрискиот експерт во тој свој труд.

Брунбауер е категоричен дека, како што нагласува, „барањата на Бугарија за Македонија се  неоправдани и очигледно неправедни“. „Да дадеме еден пример: додека Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите како конститутивен народ во македонскиот устав, таа упорно го негира постоењето на македонско малцинство во Бугарија, и покрај 30-годишните напори на Обединетата Македонска Организација Илинден-Пирин, која се стреми да ги застапува интересите на малцинството, да биде регистрирана, а тоа го прави спротивно на неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП 2022). Веќе со години Бугарија не плаќа  никаква политичка цена за своето попречувачко однесување, и покрај тоа што ги поткопа приоритетите на ЕУ.“  – нагласува австрискиот историчар.

(продолжува)

(Авторот изнесува во колумната согледувања од своја научно заснована политичко-историска анализа, која не одразува ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

Најнови вести од: Колумни

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Европска комисија: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

To top