Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска присуствувала на прием во грчката амбасада, организиран по повод вечерашната изведба на операта „Кармина Бурана“ на оркестарот на Македонската Филхармонија, заедно со музичари од Државниот симфониски оркестар од Солун и Софиската филхармонија.

,,Во пресрет на вечерашниот концерт ја почувствував позитивната енергија и ентузијазмот што ги обединуваат уметниците од трите соседни земји околу едно од највпечатливите дела на класичната музика.

Особен културен печат на настанот му даде настапот на младите хористки од музичкото училиште во Солун, со извонредната интерпретација на неколку грчки песни”, објави претседателката.

На приемот присуствуваа и млади музичари од Кочани, кои веќе се закитиле со неколку награди за извонредното музицирање.

Културната дипломатија е една од највредните инвестиции во добрососедските односи, вели Сиљаноска-Давкова во пресрет на настанот во кој политиката влезе во дефанзива пред уметноста


