Македонија

Патот до врвот не се оди сам

Секој аплауз што го слушаме од трибините има своја позадина. Часови тренинг кога никој не гледа. Утрински будења кога сè уште е темно. И еден тивок, но важен фактор – некој што верува во тебе, дури и кога патот изгледа предолг

Секој аплауз што го слушаме од трибините има своја позадина. Часови тренинг кога никој не гледа. Утрински будења кога сè уште е темно. И еден тивок, но важен фактор – некој што верува во тебе, дури и кога патот изгледа предолг.

Затоа што вистината е едноставна: никој не стигнува до врвот сам.

Во таа приказна, поддршката не е само лого на дрес. Понекогаш е „ветар во грб“ што не се гледа, но се чувствува. Токму тука доаѓа улогата на компании како MTEL, кои долгорочно стојат зад македонскиот спорт , не само кога се слави, туку и кога се гради.

Од спортски сали до стадиони, од локални натпревари до европски сцени – присуството значи континуитет. Значи дека некој инвестира во приказни што сè уште не се раскажани.

Ќе ги видиш во различни спортови, различни генерации, различни амбиции. Кошарка, ракомет, индивидуални дисциплини… не е толку важно каде, колку што е важно дека постојат таму.

И можеби најсилниот момент не е победата. Туку оној пред неа – кога спортистот знае дека не е сам. Дека зад него стои систем што му дава услови да продолжи, дури и кога е најтешко.

На крајот, секое знаме што се крева на подиум не е само резултат на еден човек. Тоа е резултат на поддршка, доверба и многу тивки вложувања што ретко се гледаат.

А токму тие прават разлика.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top