Хроника

При претрес, во стан во Скопје пронајдена голема количина дрога (ВИДЕО)

Пронајдени и одземени биле 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога.

Како што информираа од МВР, на 02/03.07.2026 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен бил претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки.

„Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка“, посочија од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Во полициската акција во Куманово против група поврзана со лихварство, изнуда и перење пари уапсен Драган Петровски – Штука, осомничен како нејзин организатор

Во претреси на повеќе локации, припадници на специјалните полициски единици и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Неофицијално, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

Учество на МВР на РМ во акција на американската ДЕА и германските служби: Запленети повеќе од 300 килограми кокаин вредни 20 милиони евра

По размената на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) германската полиција заплени над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

To top