Спорт

Охрид фуриозно ја почна одбраната на пехарот во Европскиот куп на ЕХФ

Освојувачот на третото клупско натпреварување по ранг во Европа го декласира турски Спор тото со 36:24 во првиот дуел

Ракометарите на Охрид ја почнаа одбраната на трофејот во Европскиот куп на ЕХФ со триумф над турскиот претставник Спор тото од 36:24 во првиот натпревар од второто коло во салата „Билјанини извори“, кадешто ќе се одигра и возвратната средба утре од 18:30 часот.

Унгарскиот десен бек Доминик Мате беше најефикасен во македонскиот тим против гостите од Анкара со 10 гола од 14 удари, пред српското десно крило Дарко Ѓукиќ со 6/9.

Хрватскиот голман Дино Славиќ запиша 15 одбрани и фантастични 41 отсто успешни интервенции за охриѓани, собирајќи ги аплаузите од 1.230 гледачи мна трибините.

Најнови вести од: Спорт

To top