Македонија

Клековски: Добро уреден систем значи навремена терапија и доверба во квалитетот

Усогласување со законодавството на ЕУ и унапредување на регулаторната рамка

Министерството за здравство, во соработка со СЗО, денеска одржа национална консултација за новиот Закон за лекови. Целта е усогласување со европското законодавство и зајакнување на регулаторната рамка.

Новиот закон ќе го замени оној од 2007 година, кој е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот закон ќе се подели на Закон за лекови и Закон за медицински средства, а подоцна ќе следи и посебен закон за фармацевтската дејност.

Министерот Сашо Клековски ја отвори консултацијата.

„За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба“, изјави тој.

Клековски нагласи дека успехот зависи од примената: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“

Претставена беше работната верзија на законот, усогласена со клучни ЕУ-директиви и регулативи, како и со конвенцијата MEDICRIME. Во дискусијата учествуваа претставници на институциите, стручната јавност, индустријата и здруженијата на пациенти.

На крајот министерот предложи осум заклучоци, меѓу кои системско разгледување на забелешките, поедноставни постапки, посилни механизми за снабдување, електронска фармаковигиланца и јасни рокови за доработка на законот.

„Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем и подобра достапност на терапиите“, истакна Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

To top