Бизнис

Нова граѓанска обврзница кон почетокот на декември

Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност. Министерството за финансии, имено, издаде 2 емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра, а таа доспева овој месец.

Во првата половина од следниот месец Министерството за финансии ќе објави нова граѓанска обврзница со оглед дека имаше голем интерес во изминатиот период за првата обврзница.

  • Граѓаните постојано го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска обврзница. Тоа значи дека на некој начин културата на инвестирање кај граѓаните се менува и очекувам таа иста група на граѓани, која не е повеќе од два илјади лица, повторно да инвестира и тоа не е некој голем износ – истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско интервју.

Условите под кои ќе се издаде обврзницата ќе бидат познати кога ќе биде објавен проспектот. За парите од унгарскиот заем наменет за поддршка на домашните компании, таа истакна дека досега се пласирани 190 милиони евра.

  • Преку бројки сме докажале дека сме ја погодиле целта. Ако податоци за БДП покажуваат дека имаме огромни раздвижувања, ако статистичкиот индикатор во градежништво покажува дека имаме раст во градежништвото, тогаш сметам дека сме ја постигнале целта. Значи, да  му помогнеме на приватниот сектор којшто долгорочно би размислувал да остане тука, бидејќи нашата цел беше да им дадеме на компаниите помош да инвестираат, да не размислуваат да затвараат и да се префрлаат во други земји. Преку овие инвестиции таа цел е постигната – потенцира министерката.

Во однос на средствата од унгарскиот заем наменет за поддршка на реализација на проекти во општините, Димитриеска-Кочоска посочува дека во 2024 година се реализирани 21 милион денари и 2,2 милијарди денари во 2025 година, но нагласува дека на терен реализацијата може да е поголема и дека тоа ќе се види во наредниот период.

Јавниот долг, смета министерката не треба да загрижува кога има проектирани стапки на раст коишто ќе се остварат.

  • Нема поголем доказ од растот на БДП дека Владата работи правилно. Јасно е дека стапките на БДП отсликуваат дали политиката е добр – вели Димитриеска-Кочоска.

Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Во јули годинава беше исплатата на главницата и каматата за втората година, при што на сметките на 1.448 граѓани „легнаа“ 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиона евра).

Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност. Министерството за финансии, имено, издаде 2 емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра, а таа доспева овој месец.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

To top