Македонија

Делото на светскиот македонист Збигнев Голомб ги урива грчките и сите други негирања на постоењето на македонскиот идентитет и јазик во Балканот и Европа

Денес се навршуваат 32 години од смртта на Збигнев Голомб, големиот пријател на Македонија и научник, за кого Виктор Фридман, неговиот студент и сегашен професор на Универзитетот во Чикаго, ќе каже: „Тој беше еден од најголемите светски експерти за македонскиот  јазик.“ Севкупните научни истражувања и научното дело на Голомб претставуваат не само исклучително значајна меѓународна афирмација на постоењето на македонската етничка, јазична и идентитетска засебност во Балканот и Европа, туку и жестока негација на сите шовинистички напади врз македонскиот народ со неговиот македонски јазик и идентитет и култура. Во оваа смисла делото на Голомб е најдобар одговор на негаторските истапи изминативе денови на грчкиот пратеник Андреас Ворилас од партијата „Ники“, кој предизвика остри реакции по неговите оспорувања на македонскиот идентитет и јазик во грчкиот парламент. Во 1958 година Голомб со својата докторска дисертација „Два македонски говора – Сухо и Висока во Солунско“ ги довршил дијалектните испитувања на полскиот македонист Мјечислав Малецки од 1934 година на територијата на етничка Македонија, во Солун, пред сѐ. во околните солунски и села Сухо и Висока, Со таа докторска дисертација Голомб и Малецки пред очите на најшироката американска, европска и севкупна светска научна и политичка јавност го изнесоа постоењето на Македонците со нивниот македонски идентитет и јазик во тој централен дел на Егејска Македонија, денес во Грција, и тоа 68, односно 92 години пред да ги изнесе и Ворилас своите антимакедонски  и негаторски ставови.

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top