Свет

Германија и САД потпишаа декларација за одбранбена соработка

Писториус и Хегсет се сретнаа синоќа во Вашингтон

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и неговиот американски колега Пит Хегсет синоќа во Вашингтон потпишаа декларација со намера за потесна соработка во одбранбени проекти, објави ДПА.

„Германија и САД го делат ставот дека актуелните предизвици во безбедносната политика бараат солидна и добро поврзана одбранбена индустриска база од двете страни на Атлантикот“, соопшти германското Министерство за одбрана по средбата на двајцата министри.

Во соопштението се наведува дека двете земји имаат силни одбранбени индустрии што можат и треба уште потесно да се надополнуваат во иднина, вклучително и во производството на најсовремени оружени системи, компоненти и комплексна муниција.

Високата побарувачка на одбранбена опрема бара зголемување на производствениот капацитет, пократки рокови за испорака и сигурно снабдување од двете страни на Атлантикот, со цел да се гарантира безбедноста на Алијансата преку навремени испораки и оперативна готовност.

Декларацијата со намера поставува политичка рамка за идни проекти, соопшти германското Министерство за одбрана. Таа опфаќа развој, производство, лиценцирано производство и одржување на одбранбена опрема.

Целта е да се зајакнат синџирите на снабдување, да се преиспитаат правилата за трансфер на технологии, како и да се интензивира соработката во истражувањето и развојот.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top