Македонија

Камбовски: Правосудниот испит може да се полага на албански, но треба совршено познавање на македонскиот јазик

Во авиосообраќајот може да комуницирате само на англиски јазик, нема субјективно право, во медицината дијагнозите мора да се постават низ одредени формули и употреба на латински јазик, да нема грешка, за да се избегне различното толкување на термините

 

„Препораките на Венецијанската комисија не го допираат прашањето за јазикот на кој ќе се спроведува правосудниот испит, туку инсистираат судските постапки да се водат на начин што нема да штети на ниту една постапка, а тоа е правична примена на законот“, објаснува академикот и професор Владо Камбовски за „Локално“ во врска со барањето на студентите Албанци.

„Забелешките на Венецијанската комисија се однесуваат на употребата на јазиците во судските постапки. Ова ја покажува сложеноста на прашањето кога во постапката се користат различни јазици, а може да доведе до неисполнување на целите на постапката, а тоа е неповикување на актите и недонесување правилна одлука.

Во судските постапки во кои учествуваат различни субјекти, судот или јавниот обвинител ја спроведуваат постапката и страните во постапката на таков начин што нема да се појават погрешни толкувања, неточни преводи на истите, со што ќе се отежни спроведувањето на законот“, додава академикот.

Тој вели дека лично нема ништо против правосудниот испит да се полага на албански јазик, но оние што ќе го полагаат треба да имаат совршено познавање на македонскиот јазик и терминологијата што се користи во судските постапки, така што ниту една од страните во спорот не е оштетена поради различни толкувања на термини на различни јазици.

„Идејата зад овие препораки е дека во судските постапки, јазикот треба да се користи во функционална смисла, да се стави во функција на постигнување правда, спроведување на законот и постигнување правда, и тоа не треба да се загрозува на никаков начин. Постигнувањето правда е главен приоритет.

„Во сенка на ова барање е користењето на субјективното право на употреба на јазикот, а тоа мора да се прилагоди на целта што мора да се постигне преку еден вид комуникација“, рече Камбовски.

Академикот објаснува дека јазичната комуникација е формализирана, дури и стриктно уредена.
„Да речеме во авиосообраќајот може да комуницирате само на англиски јазик, нема субјективно право, во медицината дијагнозите мора да се постават низ одредени формули и употреба на латински јазик. Да нема грешка, за да се избегне различното толкување на термините. Тоа е смислата на овие забелешки на Венецијанската комисија дека законот за употреба на јазиците никако не треба да дојде во колизија со овие цели кои треба да се остварат во овие постапки, објаснува Камбовски.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top