Свет

Германија гради 99 дата-центри

Министерот за дигитализација, Карстен Вилдбергер, новата инфраструктура ја опиша како „нов извор на моќ – компјутерска моќ”

Германија влегува во најголемиот бран на изградба на дата центри во својата историја. Низ земјата се планираат 99 нови центри за обработка и чување податоци, од кои 41 веќе се градат, објавува Плусинфо.

Проектите треба да ја обезбедат компјутерската моќ без која нема развој на вештачката интелигенција, индустриската автоматизација, клауд услугите и современата јавна администрација.

Македонија веќе има еден дата-центар (ВИДЕО)

Ова го покажува истражувањетп на германските медиуми НДР и „Зидојче цајтунг”, засновано врз база што ја составиле повеќе невладини организации, а новинарите дополнително ја провериле и ја прошириле.

Шест дена по поставувањето камен-темелник за новите центри на „Мајкрософт” во Северна Рајна-Вестфалија, германската влада на 18 март ја објави националната стратегија за дата центри. Целта е нивниот вкупен капацитет во Германија да се удвои до 2030 година. Министерот за дигитализација Карстен Вилдбергер новата инфраструктура ја опиша како „нов извор на моќ – компјутерска моќ”.

Тоа е обид на најголемата европска економија да не остане само корисник на технологијата создадена во САД и во Кина.

Дата центрите се фабриките на дигиталната ера: во нив се тренираат моделите на вештачка интелигенција, се обработуваат индустриски податоци, работат клауд платформи и се чуваат информациите на компаниите и институциите. Земја без доволно сопствена компјутерска инфраструктура ризикува зависност од странски капацитети и правила.

Сепак, голем дел од физичката инфраструктура што треба да ја донесе германската „дигитална сувереност” ќе биде во странска сопственост. Од 99 планирани центри, 36 ги развиваат компании надвор од Европската Унија, а две третини од нив се американски. Меѓу инвеститорите се „Амазон“, „Гугл“, „Мајкрософт“ и „ЕџКонекс“.

Од проектите со моќност поголема од 100 мегавати, дури 14 им припаѓаат на американски компании, пренесува Плусинфо

Најнови вести од: Свет

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

Гутереш: Африка треба да добие место во Советот за безбедност на ОН

Мораме да се реформира меѓународната финансиска архитектура создадена од богатите за богатите и да ја направиме поусогласена со потребите на земјите во развој, особено во Африка“ (линк во коментар)

To top