Бизнис

Како Македонија стана шеста земја во Европа по раст на платите?!

Како Македонија стана шеста земја во Европа по раст на платите, во услови кога 374.045 работници или 73,3% од работниците во мај примиле под просечната плата? Синдикатите се сомневаат во однос на состојбата со платите.

euro coin and banknotes isolated on gold

Како Македонија стана шеста земја во Европа по зголемување на платите, во услови кога 374.045 работници или 73,3% од работниците во мај примиле под просечната плата? Ова е дилемата којашто им се наметнува на синдикатите, коишто мака мачат во битката за зголемување на минималната плата, за што не наидоа на слух од страна на работодавачите.

Анализата којашто ја објави порталот „Пари“ покажуваат дека недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги тера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што нашава земја се нашла меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година. Споредено со државите од ЕУ, плус Албанија и Федерацијата БиХ, Македонија е на 6. место, се наведува во анализата на порталот.

Во јули, Евростат измери најголем раст на просечната плата во Бугарија, од 13,4%. Следува Унгарија со 11,0 %. Веднаш зад овие две земји членки на ЕУ е Македонија, со раст на просечната плата од 10,5%.

  • „Повторно медиумите и во Македонија и во оние статистики во Европа-Евростат ја демантираат опозицијата која што велеше дека не растеле платите. Еве тие велат дека е шеста во Европа во конкуренција на земјите од ЕУ и на земјите кои се кандидати за членство во ЕУ, во јули споредено со истиот период лани. Сите пораки се темелат на лаги, конструкции, подметнувања“, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Градско.

Изјавата следи откако опозицијата деновиве критикуваше дека со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа.

Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно. Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2025 година, изнесува 45.276 денари. Во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,5%.

Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата на вработените во администрација, образование и здравство.

Најнови вести од: Бизнис

Славески од Приштина: Финансиската стабилност мора да остане приоритет во дигиталната ера

Гувернерот на Народна банка Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем. Во рамките на […]

Митреска: За побрз и поодржлив раст потребни се поголема продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

Македонската економија и натаму е силно интегрирана со Европската Унија, каде што се пласираат 76% од домашниот извоз, Германија учествува со околу 40% во вкупниот извоз. Оваа интеграција донесе значителни придобивки преку странските директни инвестиции, трансферот на технологии и повисоката додадена вредност во извозот, но истовремено ја нагласува потребата од понатамошна диверзификација на извозната структура и инвестициските текови.

(Видео): Водиме одговорна фискална политика и обезбедуваме услови за економски раст, велат од Владата

Македонија е меѓу првите пет земји во Европа по раст на БДП, покажуваат податоците од Евростат и Државниот завод за статистика, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Гувернерот бара тоа што го бараат – Од провизии банките лани ќариле над 100 милиони евра

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на јавна дебата и разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, по примерот на повеќе европски земји.

Реплек ја носи РЕсет енергијата во Тиквешијата: Кавадарци ќе вежба со Елена Бубало и Младен Тодоровски

Во сабота, спортската сала „Јасмин“, со почеток од 11.00 часот, ќе биде место каде што граѓаните од Кавадарци и целиот тиквешки регион ќе имаат можност да бидат дел од динамична фитнес сесија

To top