Колумни

Видое Подгорец: Без јазик си никој и ништо! Родниот јазик е бисерен ѓердан од зборови!

„Писателот е и треба да остане будната совест на својот народ!“ – овие зборови се творечкиот и животен принцип, до кој се придржувал до крајот на својот живот Видое Подгорец. Ваквиот свој принцип овој неуморен волшебник на македонската книжевна реч доследно го искажал и во својата бележита песна „Без јазик си никој и ништо“, во која за родниот македонски јазик им оставил на поколенијата македонски денешни и идни вистинско завештание да го вардат од секакви угрози и напади кон него. Со овие вонвременски стихови Подгорец се наредува на истата линија како и Крсте Мисирков дека „јазикот е душата на македонскиот народ“ и на Блаже Конески оти „сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште“. „Без јазик си никој и ништо“: Родниот јазик е бисерен ѓердан / од зборови – плодови сочни, / мислите тие ти ги редат / во слики јасни и точни. /Тој е вруток непресушен,вечен, /низ бистри капки – зборови тече. /Жубори, клокоти, ѕвони, се лее / ко јасна ѕвезда секој збор грее. / Тој ни е завет од дедовците / како тланикот на огништето. / Чувај го како црнка во очите – / – без јазик си никој и ништо.“ – Видое Подгорец. Денес се навршуваат 29 години од неговата смрт.

Пишува: Свето Тоевски

Институтот за македонска литература го означува Видое Подгорец како еден од столбовите на современата македонска литература за деца. „Тој е припадник е на втората генерација современи македонски писатели со огромен и разновиден опус: автор е на 108 книги со различна тематика, остварени во различни жанрови. Тематски неговите дела се посветени на минатото, зборуваат за војните, за борбата на македонскиот народ за национална слобода, за природата, за современоста, за животот во слобода.“ – се нагласува во статијата „Видое Подгорец“, објавена на интернет-страницата на Институтот за македонска литература.

Видое Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните  и најплодни македонски писатели: само во првите десеттина години од своето творештво веќе имал објавено околу триесет книги! Првата книга со поезија за деца насловена „Развигорче“, Подгорец ја објавува во 1956 година. Во врска со восхитувачкиот обем и тематската насоченост на делата на Подгорец, уште пред три децении во својата книга „Македонската книжевност за деца и младина“ поетот и книжевен критичар д-р Миодраг Друговац има истакнато: „Подгорец е расен писател за деца, кој плени со однегуваниот јазик и стил, со емоционалноста на зборот, стихот, реченицата… Буди стравопочит неговото дело – таа жанровски разновидна, естетски и педагошки релевантна библиотека. Од неа читателот многу дознава и за своето национално историско минато и за животните преобразби во современоста, со многу човечки драми и недоброј детски дилеми, радости и болки, со кои се исполнети книгите на овој хуманист.“ 

Видое Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во селото Колешино Струмичко. Во сиромаштија, неизвесност и години на војни и окупации на Македонија и македонскиот народ започнува неговата животна врвица. Основно училиште завршува во родното Колешино, а Виша педагошка школа во Штип. Со неполни шеснаесет години почнува да работи како учител (едно полугодие) во училиштето во село Босилово, Струмичко. Подгорец започнува да пишува уште додека учи во учителската школа во Штип. Непосредната работа со децата како учител ќе изврши големо влијание врз неговата определба за детската литература. Во 1956 година Подгорец ја завршува учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип, а во јуни 1959 година дипломира и на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска литература. Во издавачката куќа „Наша книга“ како одговорен уредник на издавачка дејност останува до пензионирањето.  „Наша книга“ во 1969 година ќе објави 10 тома избрани дела од Видое Подгорец. Со доаѓањето во „Наша книга“ Подгорец започнува иницијатива за објавување избрани дела од македонската литература. Тогаш се објавени избраните дела на:  Ѓорги Абаџиев, Стале Попов, Ванчо Николески, Славко Јаневски, Јордан Леов, Томе Момировски и др.

Првата објава на Подгорец е песната „Убава е пролетта“, објавена  во 1952 година. Во 1958 година излегуваат три негови книги: првите две книги поезија за возрасни „Уморно лето“ и „Мугри над тополите“, а потоа и  и  расказите за деца „Прости ми, канаринке“. Во поезијата за деца се забележува разнородност на мотивите, особено народни мотиви („Прела баба“). За издвојување е и неговата поезија со родољубиви чувства и со ликови на борци за слобода на македонскиот народ („Татковина“, „Смртта на Гоце Делчев“). Како романсиер Подгорец е посветен на теми од минатото и на легендите, но и на современоста. Тематските преокупации му се далечното минато, судбината на македонскиот народ под турско ропство и легендите што, сѐ уште се живи во народот („Ајдучка чешма“, 1964), судбината на поединецот и на народот („Прокудени птици“, 1969). Односот меѓу македонската историја и политиката тематски ја обработува во романот „Македонска голгота“ (1978). 

„Белото Циганче“ (1966) е романот, во кој најцелосно се огледува лирскиот и раскажувачкиот талент на Подгорец. Делото ќе добие продолженија во две книги, станувајќи трилогија. Добитник е на повеќе награди и признанија: „13 Ноември“, „11 Октомври“, „Читателска значка“ (Љубљана), „Климент Охридски“, „Курирчек“, „Младо поколение“ (1966), наградата на РТВ Скопје за најдобра книга за деца меѓу две Струги (1984/1985) за книгата „Бигорна љубов“. Во 1958 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија. Животниот пат на Подгорец завршува на 14 април 1997 година во Скопје. Неговите дела се преведувани на повеќе светски јазици: српски, хрватски, словенечки, турски, албански, руски, украински, полски, чешки, словачки, бугарски итн. Добитник е на повеќе високи награди и признанија меѓу кои: „13 Ноември“, „Читателска значка“ (Љубљана), наградата „Климент Охридски“, „Курирчек“, „Младо поколение“ (1966) како и наградата на РТВ Скопје за најдобра книга за деца меѓу две Струги 1984-1985 (награда која се доделувала во рамки на Струшки вечери на поезијата) за книгата „Бигорна љубов.

„Нова Македонија“

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Европска комисија: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

To top