Свет

Путин нема ништо против средба со Зеленски, но…

Вели дека сè уште нема „одредени“ услови за да се сретне со украинскиот претседател

 

Рускиот претседател изјави дека „нема ништо против средбата“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но додаде дека сè уште нема услови за таква средба.

За можната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, Путин рече дека интересот за одржување самит меѓу САД и Русија е „взаемен“ и дека Обединетите Арапски Емирати се „едно од можните места“ за таква средба.

Запрашан за условите што Трамп наводно ги поставил за средба со Путин – вклучително и подготвеноста на Путин да разговара со Зеленски – рускиот претседател рече:

„Многу пати реков дека во принцип немам ништо против тоа, можно е. Но, за тоа мора да се создадат одредени услови. За жал, сè уште сме далеку од тоа.“

Во мај оваа година, украинскиот претседател јавно го покани Путин на состанок во Истанбул за да разговараат за евентуално завршување на војната.

Кремљ никогаш не одговори на таа покана.

Зеленски посакува тристрана средба со Трамп и Путин

Најнови вести од: Свет

Австралија: Нема социјални медиуми за малолетници

Новиот закон ги опфаќа најпопуларните платформи како што се Instagram, Facebook, TikTok, YouTube, X и Snapchat, и додека владата тврди дека целта е да ги заштити младите од штетна содржина, критичарите предупредуваат на ризикот од изолација и туркање на децата во нерегулирани делови од интернетот

Орбан: Турција гарантира снабдување со гас за Унгарија преку „Турски тек“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан постигнаа договор според кој Турција ќе гарантира непречено снабдување со руски гас за Унгарија, преку гасоводот „Турски тек“.

To top