Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, во вечерашното интервју за ТВ Телма испрати порака до штедачите на Алта Банка АД Битола да веруваат во институциите и во нивните мерки за надминување на ситуацијата по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка АД Белград.
„Граѓаните треба да бидат сигурни, да веруваат во институциите, дека нивните заштеди се наоѓаат на нивните сметки и дека тие имаат целосна гаранција дека заштедите нема никој да им ги одземе. Располагањето е ограничено во еден ограничен временски период во кој што треба оваа состојба да се надмине“, рече Славески во емисијата „Топ тема“
Според него, лимитот за подигнување 10.000 денари неделно на шалтер „е повеќе од доволно, затоа што имаме вонредна ситуација во која што треба трпение за банката“.