Колумни

Утврдувањето на македонската азбука на 3 мај 1945 – чин од немерливо значење за „бетонирањето“ на идентитетот и јазикот на македонскиот народ во светот

На денешен ден, на  3 мај 1945 година се случи еден од вајважните моменти во поновата политичко-национална и културно-јазична историја на македонскиот народ, со немерливо значење за затврдувањето на македонскиот јазик и идентитет на македонскиот народ во Балканот, во Европа и светот. Народната влада на Федеративна Македонија донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечната работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, ја усвои македонската азбука, заснована врз фонетскиот принцип. Фонетскиот принцип значи дека за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката. На 5 мај азбуката се официјализира со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија. По два месеца  Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

На собирот во Милано европските десничари ја нарекоа ЕК „Марсовци од ЕУ“ и порачаа: Ќе им ја суспендираме политиката на погрешен курс и приоритети!

„Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд се раководени од Марсовци и тие се злонамерна двојка, но ние ќе ги симнеме назад долу, на планетата Земја!“ – остро порача од собирот во Милано изминатата сабота Матео Салвини, лидерот на италијанската десничарско-суверенистичка партија Лига, кој е и вицепремиер и министер за инфраструктура во актуелната италијанска влада. На овој собир на европските суверенисти Салвини го кажа ова како негова реакција кон препораките за штедење на енергијата во семејствата во Европа, означувајќи ги функционерите од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд како „луѓе, кои не се во допир со европската реалност“.

Ацо Шопов и неговиот тестаментален „завет кон татковината Македонија и слободата како многу поголеми од сопствениот живот“

Денеска, на 20 април, 2026 година се навршуваат 44 години од смртта на Ацо Шопов, на великиот поет на македонските борби и страданија, на македонските стремежи и идеали. Ова е нова пригода за осврнување, но и за соодветно чествување на неговата личност и неговото творештво како еден од основоположниците на современата македонска поезија и воопшто на современата македонска книжевност. „Од дамни дамнини расте ова дрво на сува рида без вода … но во него шуркаат сите живи сокови на светот. … Ветришта диви го сардисуваат и сеништа темни, … суши змијарници му ги смукаат корењата земни, но тоа од пркос зазеленува и расте … дрвото опстојува и останува.“ – напишал Шопов во 1980 година во својата последна песна и истоимена стихозбирка „Дрво на животот“, кое поетски го симболизира со Македонија. Во оваа бележита песна тој му оставил моќно тестаментално завештание на својот македонски народ, кое бездруго уште посилно одекнува денес: во овие мигови кога од сите страни многумина од петни сили се устремиле да ја урнисаат Македонија во бездната на непостоењето, Македонците треба да ги зачуваат „корените на македонското дрво на животот“. Дека треба да ја зачуваат и да ја извишат својата татковина на врвот на планината на постоењето, каде што опстојува дрвото на нејзиниот живот, со своите корења, длабоко проникнати во сите векови и епохи на постоењето низ историјата!

Орден „Илинден 1903“ посмртно за придонесот на големиот патриот лекарот д-р Анастас Коцарев кон македонската државност и идентитетска самобитност

Големиот македонски родољуб и лекар-онколог Анастас Коцарев денес посмртно е одликуван со орденот „Илинден – 1903 година“ од претседателката на Република Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова, како висока национална почит и израз на признание за неговиот исклучителен придонес кон афирмирањето на македонската самобитност. Одликувањето е признание за долгогодишните заложби и делата на Коцарев, кои оставиле траен белег врз македонската историја и националното македонско самоопределување. Орденот „Илинден – 1903 година“ ја нагласува вредноста на индивидуалниот придонес на Анастас Коцарев во градењето на македонската државност и македонскиот национален идентитет особено и во надворешни, меѓународни рамки. Во светски рамки д-р Анастас Коцарев е еден од првите лекари и научници, кој што работел на истражување и лекување на ракот, како еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата, и кој е прв во светот, што направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Но во колективното паметење на македонскиот народ Коцарев останува трајно запомнет како човек, што работел во полза на македонската кауза среде македонското иселеништво, залагајќи се за самостојна и независна македонска држава, за идентитетската самобитност на Македонецот во Балканот, во Европа и светот.

Потреба за самозаштитна „македонска геополитика“ на „мрежи на врски и приспособливи партнерства“ со држави ширум светот, заради запазување на државно-националните интереси

Македонската држава, за разлика од доскоро, почна да развива и своја „македонска геополитика“. Во неа, очигледно е дека нема да биде како досега доминантна „беззаветната и доживотна љубов само кон ЕУ“, туку влегувајќи во новиот светски мултиполарен поредок таа ќе создава и свои суверенистички мултилатерални мрежи на партнерства со држави и асоцијации на држави и надвор од европскиот континент врз основа на своите државно-национални политички и економски интереси и потреби.

Видое Подгорец: Без јазик си никој и ништо! Родниот јазик е бисерен ѓердан од зборови!

„Писателот е и треба да остане будната совест на својот народ!“ – овие зборови се творечкиот и животен принцип, до кој се придржувал до крајот на својот живот Видое Подгорец. Ваквиот свој принцип овој неуморен волшебник на македонската книжевна реч доследно го искажал и во својата бележита песна „Без јазик си никој и ништо“, во која за родниот македонски јазик им оставил на поколенијата македонски денешни и идни вистинско завештание да го вардат од секакви угрози и напади кон него. Со овие вонвременски стихови Подгорец се наредува на истата линија како и Крсте Мисирков дека „јазикот е душата на македонскиот народ“ и на Блаже Конески оти „сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом, како огниште“. „Без јазик си никој и ништо“: Родниот јазик е бисерен ѓердан / од зборови – плодови сочни, / мислите тие ти ги редат / во слики јасни и точни. /Тој е вруток непресушен,вечен, /низ бистри капки – зборови тече. /Жубори, клокоти, ѕвони, се лее / ко јасна ѕвезда секој збор грее. / Тој ни е завет од дедовците / како тланикот на огништето. / Чувај го како црнка во очите – / – без јазик си никој и ништо.“ – Видое Подгорец. Денес се навршуваат 29 години од неговата смрт.

Кога довербата е 2 %, правдата не е институција туку перцепција

Во својата најнова колумна: ,,Триаголникот на правдата – независност или илузија” адвокатот Тони Менкиноски прави паралела меѓу италијанскиот и македонскиот правен систем и открива низа слабости кои можат целосно да го урнат системот на правда за сите на кој почиваат современите општества

Ова се опасни времиња – да ги збиеме редовите

Противник сум на параноја и гледање опасност од сите страни, ама во исто време сигурен сум дека не смееме да се однесуваме индиферентно и да се залажуваме со илузии дека сме премногу мали и неважни па со самото тоа и безбедни во вртлогот на промените кои се случуваат на светската сцена

To top