Волф Ошлис: Злонамерните соседи му ги оспоруваат идентитетот, јазикот и името на македонскиот народ, заради „апетитите“ да ја присвојат македонската земја! (1)
„Духовниот воин“ за Македонското прашање во Европа и светот проф.д-р Волф Ошлис како врвен германски политиколог, славист, публицист и професор цели пет десетлетија стоеше непоколебливо на браникот на македонската кауза, служејќи како автентичен, меѓународен глас за вистината за Македонија. Ошлис со германска научна прецизност и своевиден македонски инает непоколебливо и неуморно ја ширеше македонската вистина низ светот. Неговиот политичко-јазичен ангажман за Македонија и Македонците, за Македонското прашање,не беше само длабок академски интерес, туку негова животна мисија, посветена на одбраната на македонскиот идентитет, историја, народ и јазик од сите обиди за нивно негирање.