Борбата на „Духовниот воин“ за Македонија Волф Ошлис против фалсификатите дека македонскиот е „вештачки јазик“, „создаден во 1944/1945“! (2)
Еден од најзначајните текстови на германскиот македонист Волф Ошлис е неговата студија „Проблемот на јазикот на Македонците во трудовите на раната германска македонистика“. Во неа тој силно аргументира дека македонскиот јазик не е некаква политичка конструкција, што започнува со некој и нечиј административен акт, туку оти македонскиот народен јазик е основата, врз која во текот на многуте векови наназад во историјата се развива современата македонска писменост. Во оваа студија за раната германска македонистика Ошлис покажува дека постоеле германски научници, кои експлицитно ги третирале Македонците со нивниот македонски јазик како посебен етникум и посебен јазик.