Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! Македонија е на Македонците!
„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.