Четврти пациент (76) починат од западнонилска треска по 27 дена лекување на Инфективна клиника
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Болнички згрижени се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како сомнителни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката Фадил Цана.