Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и Студеничани
До 13 часот денес, на 18 август 2026 година регистрирани 12 пожари на отворено во Македонија, од кои пет се активни, еден под контрола, а шест се изгаснати. Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за состојбата со пожарите во државата.