Општина Аеродром казни фирма со 20 илјади евра, поради незаконско фрлање отпад! -Камионџијата фатен „на дело“ на дивата депонија!
Изминатите неколку дена при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во општината, на месноста „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е е изречена глоба од 20 илјади евра во денарска противвредност за правното лице, поради сторениот прекршок, согласно со овој закон. Издаден е и прекршочен платен налог.