ИНА: Од јануари-јуни 2025 Ахмети од ДУИ и Тачи од ДПА најпасивни во Собранието, без никакви дискусии! – Најактивен Стојановски од ВМРО ДПМНЕ!
„Податоците од платформата Pratenici.mk укажуваат на пратеници со многу ниско учество во парламентарните активности во првата половина од 2025 година. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи во тој период никогаш не се појавиле на дискусија во Собранието, не предложиле закон, или амандман, и не биле членови на ниту една парламентарна комисија. Ахмети учествувал само на три седници, додека Тачи на четири седници.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“.