Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација!
Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во Охрид.