Автопатот Кичево-Охрид целосно готов на почетокот од 2027 година
Работите на најсложениот дел од трасата Кичево-Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски. На потегот Извор-Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар.