ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија
Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.